Имајќи ги во предвид нашите стандарди, можеме со гордост да зборуваме за начинот и техниките кои ги користи нашата канцеларија во процесот на примена на правото. Нашите канцеларии се опремени со најновата технологија за практицирање на правото со што на вработените им се овозможува брз пристап до потребните документи и информации, како нивна ефикасна и ефективна соработка (колаборација). Системот на кој работи нашата канцеларија овозможува да обавување на обврските и работите и надвор од просториите, благодарение на интернетот, ВПН, како и на останатата електронска техника.

       Нашите стремежи се насочени кон постојаност и понатамошно усовршување на адвокатите и помошниците.

       Превземаме се што сме во можност со цел да останеме во чекор со развојот на технологијата бидејќи сметаме дека тоа е неопходно за успешно и квалитетно исполнување на обврските во овој хаотичен свет на бизнис во кој се наоѓаме денес. 

Булевар "Кочо Рацин" број 14, локација 6 | 1000 Скопје, Македонија | Телефон: +389 2 310 9684
Факс: +389 2 311 0617 | Мобил: +389 70 333 088 | E-Mail: jordan@apostolski.com.mk