Адвокатската канцеларија Апостолски нуди специјална програма за странски компании кои сакаат да инвестираат во Република Македонија. Во Март 2004 Република Македонија аплицираше за членство во Европската Унија и се здоби со кандидатски статус во Декември 2005. Цврсто стоејќи за своите заложби за членство во ЕУ, Македонија станува се поатрактивна за странските инвеститори. Македонија има склучено голем број договори за слободна трговија, вклучувајќи и со Европската Унија, сите земји на југоисточна Европа, Украина, Турција и др. Во специјалната програма за инвеститори, канцеларијата нуди услуги во даночното право, договарањето и сите потребни инструменти за странски компании кои сакаат да инвестираат во Македонија. Канцеларијата ги советува своите клиенти пред купувањето да извршат правна длабинска анализа во состојбите во компанијата. Канцеларијата нуди дополнителни услуги и за контактирање со третите лица, учество во преговорите, подготвување на нацрт договори, подготвување на трансакции и документи за судска регистрација.  

Булевар "Кочо Рацин" број 14, локација 6 | 1000 Скопје, Македонија | Телефон: +389 2 310 9684
Факс: +389 2 311 0617 | Мобил: +389 70 333 088 | E-Mail: jordan@apostolski.com.mk