|
|
|
|
|
|
|
Адвокатската канцеларија
Апостолски е една од најпознатите македонски адвокатски канцеларии
во моментов, во која работат 9 лица, од кои 5-мина адвокати и 4 помошници
(приправници), сите лојални и посветени на работата. Наша основна и најважна
цел отсекогаш била да обезбедиме супериорна услуга на клиентите за кои
работиме. Адвокатите кои работат во нашите канцеларии својата работа ја
специјализираат во одредени области со цел да им се помогне на клиентите да ги
одбегнат, како и најлесно да се справат со евентуалните проблеми, да им
помогнат во решавање на тековните проблеми, како и во остварување на своите
бизнис цели. Преку комуникацијата со клиентите се запознаваме со нивните бизнис
потреби и планови и врз основа на таквите податоци, канцеларијата планира
ефикасен приод кон проблемот, правејќи го ефективен и исплатлив за клиентите.
Без оглед на тоа дали станува збор за клиент-мала компанија која го пробива
својот пат на пазарот или пак за клиент-сложена мултинационална компанија, тие
воспоставуваат со нас односи кои за нив имаат витално значење, а за чие
функционирање ние ја вложуваме сета енергија, внимание и работа.
Од самото основање во 1963 година, канцеларијата започна да
функционира како единствена, динамична, професионална и колегијална средина
која само како таква можеше да ја исполни својата обврска кон клиентите
обезбедувајќи им професионални правни услуги.
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Булевар "Кочо
Рацин" број 14, локација 6 | 1000 Скопје, Македонија | Телефон: +389 2 310 9684
Факс: +389 2 311 0617 | Мобил: +389 70 333 088 | E-Mail:
jordan@apostolski.com.mk
|
|
|
|